Дали го користеле македонскиот пасош: Интерпол издаде потepница за водачите на Шкаљарскиот и Кавачкиот клан

t

На потерница издадена од српското МВР за кои трага и Интерпол се наоѓаат неколку лица за кои постои сомнеж дека имаат и македонски пасош.

Еден од нив е водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер. Српската и црногорската полиција распишаа меѓународна потерница по него и тој осомничен за создавање криминална организација, како и за други тешки кривични дела, меѓу кои и бројни ликвидации на ривали.

Звицер во последен момент избегнал апсење во Црна Гора, а се верува дека некој му кажал што му се подготвува. Тој е осомничен дека се крие во Латинска Америка под лажно име.

Меѓународната потерница не го заобиколи ни Јовица Вукотиќ, водачот на Шкаљарскиот клан . Интерпол Подгорица трага по него поради сомнение дека сторил кривично дело создавање криминална организација и поттикнување убиства.

Инспекторите дознале дека Вукотиќ имал комуникација со членовите на групата која планирала ликвидација на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ во јануари во Тиват. Се сомнева дека Вукотиќ побегнал од Црна Гора две недели по распишувањето на потерницата во август годинава, па не е исклучено да има пријава. Кога тој беше уапсен во Турција потврди дека го користел македонскиот пасош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бразил ќе воведе „хуманитарен пасош“ за бегалци…

Бразил планира да воведе „хуманитарен пасош“ за…

Дали го користеле македонскиот пасош: Интерпол издаде…

На потерница издадена од српското МВР за…

Митовски за ckaндалот со пасошите: Не може…

Коментирајќи го еден од најголемите, ако не…