Данска: Гренланд има сопствена здравствена заштита, не им треба бродот на Трамп
На Гренланд не му е потребна насочена здравствена иницијатива и пристапот до здравствена заштита таму е универзален, нагласија данските власти во неделата по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамо за испраќање брод болница на поранешната данска колонија сега автономната територија врз која тој сака воспоставување американски суверенитет.
„Населението на Гренланд ја добива здравствената заштита што им е потребна. Ја добиваат во Гренланд, а доколку има потреба од посебен третман, ја добиваат во Данска. Значи, нема потреба од посебна здравствена иницијатива во Гренланд“, изјави министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен за данската телевизија DR.
Без директно да го цитира предлогот на САД, данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека е „среќна што живее во земја каде што пристапот до здравствена заштита е бесплатен и еднаков за сите. Каде што осигурувањето или богатството не одредуваат дали некој ќе добие достоинствен третман“. „Тоа е ист пристап како во Гренланд“, напиша таа на социјалните мрежи.
Како и во Данска, пристапот до здравствена заштита е бесплатен во Гренланд, кој управува со свој здравствен систем, но широко соработува со Данска. На огромниот арктички остров има пет регионални болници, а онаа во главниот град Нуук прима пациенти од целата територија, според Копенхаген.
Владата на Гренланд потпиша договор со Копенхаген на почетокот од февруари за подобрување на третманот на пациентите од Гренланд во данските болници.
Во саботата, Доналд Трамп напиша на својата платформа Truth Social дека „испраќа голем болнички брод во Гренланд за да се грижи за многуте луѓе кои се болни и не се лекуваат таму“.
Американскиот претседател посочи дека операцијата за испраќање на бродот се спроведува во координација со Џеф Ландри, кој во декември беше назначен за специјален претставник на САД за арктичкиот остров.
На прашање од данската телевизија, Лунд Поулсен рече дека не бил информиран за можното пристигнување на болничкиот брод на Гренланд.
„Трамп продолжува да твита за Гренланд (…). Затоа, ова е веројатно израз на новата нормалност што е воспоставена во меѓународната политика“, рече тој.
Во саботата Арктичката команда објави евакуација на член на екипажот на американската подморница од медицински причини во близина на Нуук, главниот град на Гренланд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска: Гренланд има сопствена здравствена заштита, не…
На Гренланд не му е потребна насочена…
Трамп ќе испрати болнички брод на Гренланд…
Американскиот претседател Доналд Трамп и гувернерот на…
Кралот на Данска започнува тридневна посета на…
Кралот Фредерик X од Данска денес започнува…
Премиерот на Гренланд: Не се чувствувавме загрозени…
Претензиите на САД кон Гренланд воопшто не…
24-годишен скијач од Данска е повреден од…
24-годишен скијач од Данска е повреден од…