Кралот на Данска започнува тридневна посета на Гренланд

t

Кралот Фредерик X од Данска денес започнува тридневна посета на Гренланд, која ќе започне во главниот град Нук, каде што ќе биде пречекан од премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, соопшти прес-службата на палатата, пренесува Франс24.

И покрај нивното тешко колонијално минато, данските кралеви се популарни во Гренланд.

Турата доаѓа откако Гренланд се најде во центарот на дипломатските тензии, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара САД да ја преземат контролата врз огромниот арктички остров, предизвикувајќи реакција и од Данска и од Европа.

Најавувајќи ја својата претстојна посета на крајот на јануари, данскиот крал рече дека е „длабоко солидарен“ со жителите на Гренланд кои беа вознемирени од изјавите на Трамп.

„Преку печатот можеме да видиме и почувствуваме дека луѓето беа многу загрижени (… ) јасно е дека тоа нè засега и двајцата“, забележал Фредерик, мислејќи на својата сопруга, кралицата Мери.

Се очекува 57-годишниот монарх, чија улога е главно симболична, утре, во четврток, да го посети Маниитсок, околу 150 километри северно од Нуук, каде што ќе се сретне со локални бизнисмени.

Во петок, тој ќе отпатува за Кангерлусуак, уште посеверно, за да посети дански воен рекреативен центар.

Вашингтон редовно наведува дека контролата врз Гренланд е од витално значење за безбедноста на САД и ја обвинува Данска, и Европејците пошироко, дека не го заштитуваат соодветно овој стратешки регион од Русите и Кинезите.

Во март 2025 година, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, остро ја критикуваше неактивноста на Данска во врска со Гренланд.

„Не треба да има сомнеж во мојата љубов кон Гренланд. Моите врски со народот на Гренланд остануваат непоколебливи“, одговори Фредерик во ретка изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брисел му возврати на Трамп: Ќе го…

Европската комисија во средата одговори на новите…

Македонскиот научник Петар Поповски во Данска стана…

Угледниот научник од Македонија и долгогодишен професор…

Трамп никогаш не сакал да го нападне…

Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална…

Кралот на Данска патуваше низ Гренланд со…

Данскиот кралот Фредерик X патувал низ Гренланд…