Дачиќ: Девојчето од Нови Сад е пронајдено во возот Белград – Петроварадин благодарение на дојава од граѓани
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа изјави дека со брза и ефикасна реакција на полицијата успешно е завршена потрагата по малолетната Дуња Нециќ од Нови Сад, чие исчезнување беше пријавено на 29 април.
„Благодарение на навремената дојава од граѓаните и добрата координација на полициските служби, девојчето е пронајдено вечерва во возот на релација Белград – Петроварадин. Особено е важно што и таа и малолетникот кој бил со неа се пронајдени во добра општа состојба“, наведе Дачиќ во соопштението.
Според него, системот за итно известување на јавноста „Пронајди ме“, кој беше активиран претходно вчера, уште еднаш ја покажа својата важност и ефикасност, пренесе Бета.
– Министерството за внатрешни работи останува целосно посветено на безбедноста на децата и на сите граѓани. Им честитам на сите припадници на полицијата кои учествуваа во оваа акција, како и на граѓаните кои со своето одговорно однесување помогнаа оваа ситуација успешно да се реши – додаде Дачиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: Девојчето од Нови Сад е пронајдено…
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ…
Ченто: Нема да прифатам „вистина“ што е…
Осудениот за настаните од „27 април“, Јане…
Земји каде најдобро се живее, а најмалку…
Неколку држави во светот се издвојуваат како…
Првпат по војната на Блискиот Исток —…
Јапонија ќе увезува сурова нафта произведена во…
Трамп ја спореди американската морнарица со пирати
За време на предизборен митинг во Флорида,…