Ченто: Нема да прифатам „вистина“ што е создадена на хартија, а не во реалност

t

Осудениот за настаните од „27 април“, Јане Ченто, излезе со сериозни обвинувања кон судот, тврдејќи дека во постапката не била утврдена материјалната вистина, туку дека одлуките биле донесени врз формални основи.

„Судот не ја бараше вистината. Се сокри зад формалности“, наведува Ченто, посочувајќи дека Апелациониот суд се повикал на тоа дека нема правосилна пресуда за „лажен исказ“ и дека не е поднесена кривична пријава против обвинител.

Тој информира дека во меѓувреме е поднесена кривична пријава, но нагласува дека, според него, суштинскиот проблем останува – судот, како што тврди, не ја исполнил обврската самостојно да ја утврди вистината.

„Судот има обврска да ја утврди материјалната вистина и не може да ја условува оценката на доказите со постоење на друга кривична постапка“, наведува Ченто.

Според него, материјалната вистина подразбира утврдување на тоа што навистина се случило, дали имало лажни искази, притисоци и дали доказите се веродостојни.

„Со ваков пристап не се штити правдата, туку формата. А кога формата станува поважна од вистината – правдата умира“, порачува тој.

Ченто најави дека нема да молчи и дека ќе продолжи со правната и јавната борба, оценувајќи дека вистината не може да се утврдува „само на хартија, а не во реалност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…

Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…

Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…

Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг

Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…

Со 1,26 промили, велешанец физички ја нападнал…

Полицијата во Велес го лишила од слобода…