Дачиќ на средби со Лавров, Шаленберг, Сијарто и Коен во Скопје

t

На маргините на 30. Министерски совет на ОЕБС во Скопје, првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ имаше кратки билатерални средби со шефовите на дипломатиите на земјите-членки на таа меѓународна организација.
„Покрај разговорите за билатералните прашања, Дачиќ размени мислења со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за предизвиците и проблемите со кои моментално се соочува ОЕБС, како и за можностите за нивно надминување, за да може организацијата да продолжи да функција“, соопштуваат од МНР.

Шефот на српската дипломатија во пријателски разговор со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, разговарал за евроинтеграциите на Србија, за состојбите во регионот, како и за теми од заеднички интерес.

Во разговор со шефот на дипломатијата на Унгарија, Петер Сијарто, Дачиќ размени мислења за претстојните заеднички активности, но и за состојбите во ОЕБС и можностите за донесување одлуки кои ќе овозможат продолжување на функционирањето на организацијата која ги обединува 57 земји.

На маргините на министерскиот состанок на ОЕБС, Дачиќ имаше можност накратко да се сретне со министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев го подбра Шолц: Германецот лаже и…

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј…

Во Косово е уапсен еден од најголемите…

Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите…

Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците…

Русите влегоа во Авдеевка од нов правец,…

Руските трупи влегле во Авдеевка од нов…

Израел го обвини Гутереш дека е на…

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен…