Дачиќ очекува стабилен резултат, Вучевиќ верува дека СНС ќе ја формира новата влада, европските демократи предупредуваат на можни инциденти
Претставниците на владејачката коалиција во Србија по гласањето на предвремените парламентарни избори повикаа изборниот ден да помине мирно и во демократска атмосфера, додека Европската демократска партија предупреди на можни провокации и судири во вечерните часови.
Лидерот на Социјалистичката партија на Србија и носител на изборната листа „Фактор на стабилноста“, Ивица Дачиќ, изјави дека очекува неговата коалиција да оствари стабилен резултат. Тој нагласи дека најважно е изборите да поминат во демократска и фер атмосфера, во согласност со законот и без нарушување на јавниот ред.
„Сметаме дека за Србија е важно, во овие турбулентни времиња, да постои некакво сидро што ќе ја одржува стабилноста и цврстината на земјата. Можам само да кажам дека ќе го зачуваме мирот, но и политичката стабилност“, изјави Дачиќ по гласањето во месната заедница Дедиње. Тој е и потпретседател на српската влада и министер за внатрешни работи во технички мандат.
Лидерот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, изјави дека го радува големиот број граѓани кои излегле на гласање уште од раните утрински часови. Тој изрази надеж дека изборниот ден, како што го нарече, важен ден за Србија, ќе помине во фер и демократска атмосфера.
Вучевиќ гласал со членовите на своето семејство на избирачко место во месната заедница „Народни херои“ во Нови Сад, откако речиси два часа чекал во ред со другите граѓани.
„Единствената желба што ми е во фокусот е сè да помине мирно и достоинствено, секој што сака да има право да ја изрази својата изборна волја, односно да гласа според своите чувства, размислувања и одлуки“, изјави Вучевиќ.
Тој изрази очекување дека новата влада ќе ја формира изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“.
Во меѓувреме, Европската демократска партија предупреди на можноста лица поврзани со Српската напредна партија да предизвикаат судири во Србија околу 21 часот, кога се очекуваа првите проекции на изборните резултати. Во итното соопштение, потпишано од советникот за стратешки комуникации на партијата, Алесио Де Џорџи, се наведува дека добиле повторени предупредувања за можни провокации.
Партијата ја повика полицијата итно да ги заштити гласачите, кандидатите, студентите и набљудувачите.
„Студентите сакаат слободни и мирни избори и резултат за кој ќе одлучат гласачите. Колку е поголема излезноста, толку е поголем стравот на Вучиќ од пораз, а со тоа и ризикот од намерни провокации“, се наведува во соопштението.
Европската демократска партија оцени дека Александар Вучиќ и неговата влада дозволиле создавање атмосфера на заплашување и насилство и ги повика да спречат понатамошна ескалација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ очекува стабилен резултат, Вучевиќ верува дека…
Претставниците на владејачката коалиција во Србија по…
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…