Дачиќ: По изборите никој нема да има апсолутно мнозинство без СПС
Носителот на изборната листа на коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија (СПС), „Ивица Дачиќ – фактор на стабилноста“, изјави дека по предвремените парламентарни избори на 25 октомври никој нема да има апсолутно мнозинство без СПС, соопшти партијата.
Дачиќ нагласи дека СПС е „единствената партија што опстојува“ и дека претставува „институција на политичката сцена во Србија“. „Горди сме на нашата историја, а денес многумина сакаат да ја уништат СПС затоа што ние сме главната пречка за уривање на Србија“, порача лидерот на социјалистите.
Според него, многумина сакаат да се повтори 5 октомври 2000 година, што го оцени како „најголемата измама во историјата на Србија“, кога луѓето гласале со надеж за подобрување. – Затоа истата грешка не смее да се повтори, а најголемата пречка за да не се случи тоа е добриот резултат на нашата листа, листата број 2, предводена од СПС – додаде тој.
Дачиќ истакна и дека на земјата ѝ е потребен „српскиот сон“, оценувајќи дека секој Србин во душата е социјалист. „А тоа значи секое дете да има шанса да успее во животот, без разлика дали е дете одовде, од Врање, Бујановац или од кој било друг град. Ние се залагаме за обичниот човек“, заклучи тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дачиќ: По изборите никој нема да има…
Носителот на изборната листа на коалицијата околу…
Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини…
Велешанецот кој е пријавен за измами со…
Шестмина уапсени во Србија: Обвинителството тврди дека…
Српската полиција уапсила шест лица под сомнение…
Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје…
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа…
Владини веб-страници исклучени поради критични безбедносни пропусти:…
Дел од владините веб-страници во Европа привремено…