Објавено на:

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа во нова воена ескалација во Јужен Либан

t

Двајца израелски војници се убиени во Јужен Либан, соопштија денеска Израелските одбранбени сили (ИДФ), додека во израелски напади загина најмалку едно лице, според либанското Министерство за здравство.

Израелската армија вчера почна напади во Јужен Либан како одговор на она што го дефинираше како „прекршување на примирјето“ од страна на Хезболах.

Израелските локални медиуми јавија дека двајцата војници биле убиени, а уште четворица биле ранети откако импровизирана експлозивна направа детонирала во реон каде што спроведувале операција во јужниот дел од земјата.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелски напад врз јужниот град Тибнин загинало едно лице, а уште 12 биле ранети.

Новата ескалација се совпаѓа со уште еден круг преговори меѓу Израел и Либан во Рим, откако во јуни двете страни се договорија за безбедносен договор постигнат со посредство на САД, со цел намалување на тензиите долж заедничката граница.

Израел сепак соопшти дека ќе задржи безбедносна зона во Јужен Либан за да ја елиминира заканата што ја претставува Хезболах, поддржан од Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…

Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…

Одборот за мир – иницијативата предводена од…

Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…

Израел гради огромен песочен ѕид за да…

Без никаква јавна најава, Израелските одбранбени сили…

Џеј Ди Венс: Дел од израелската влада…

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека…