Двајца иселеници од Македонија загинаа во сообраќајка во Италија
Возилото, камионче, во кое се наоѓале директно се судрило со тешко товарно возило, камион. Двајцата починале на самото место а третото лице кое било со нив, босански државјанин, бил тешко повреден
Двајца иселеници од Дебарско загинале во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, јавија италијанските медиуми.
Според објавите, станува збор за Бајрам Бајрамоски (53) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше, кој според неговите соселани од Жировница, во Италија бил над две децении. Бајрамоски бил оженет и татко на две деца.
Втората жртва е Фуат Етемовски (65) од дебарското село Џепиште, кој исто така со семејството долги години живеел во Италија.
Според полицијата, несреќата се случила во близина на Боскалто ди Лореџија кога двајцата се враќале од работа во нивниот дом во областа Тревизо.
Возилото, камионче, во кое се наоѓале директно се судрило со тешко товарно возило, камион. Двајцата починале на самото место а третото лице кое било со нив, босански државјанин, бил тешко повреден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мелони забранува носење на бурки и никаби…
Италија се подготвува да го забрани покривањето…
Италија: Дронот што го соборивме над Литванија…
Италија соопшти дека дронот што италијански борбен…
Италија ја продолжува суспензијата на Шенгенскиот договор…
Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор…
Кими Антонели победник на ГН на Италија:…
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели е сензационалниот…
Италија го продолжи суспендирањето на Шенген со…
Италијанската влада најави 15-дневно продолжување на суспендирањето…