Два пожара во едно деноноќие во општина Сопиште, повреден еден пожарникар

t

Еден пожарникар од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здобил со повреди при гаснење пожар во текот на вчерашниот ден во село Сопиште, Скопско.

Како што соопшти МВР, во СВР Скопје било пријавено дека пожарот настанал во куќа сопственост на А.Д.(63). Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Во СВР Скопје вчера, во 17:45 часот било пријавено дека настанал пожар и во куќа во село Нова Брезница, општина Сопиште. Во пожарот, куќата целосно изгорела, а внатре бил пронајден починат Ѓ.Т.(82) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…

Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…

Кој се плаши да види колку народ…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…

Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

Марш за одговорност и безбедност во Понеделник…

Инстаграм профилот „Кој е следен“ повика на…