Арсовска за Николоски: Пренесете му на неписмениов што глуми министер дека Скопје НЕМА ГРАДЕЖНА ИНСПЕКЦИЈА!
Ќе му пише ли некој на неписмениов што глуми министер дека Град Скопје СОГЛАСНО ЗАКОН е единствена од 81 општина што НЕМА ГРАДЕЖНА ИНСПЕКЦИЈА (пак да потенцирам за неписмениов аман така е утврдено со закон). – пишува на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако министерот за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање одговори дека Град Скопје има инспекција и треба да постапи за дивоградбите во Чаир.
– Има ли некој од неговите 500 партиски експерти, на корумпираниов што не можеше да добие безбедносен сертификат за да биде министер за надворешни работи или за одбрана, па мора да го трпиме да лупа глупости ко министер за транспорт да му каже дека негов орган е Државниот ИНСПЕКТОРАТ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО.
За да го рушиш Вики господине министер, треба нешто повеќе од пари и партија, треба интегритет и храброст ШТО ТИ ГИ НЕМАШ!
![]()
![]()
И на крај појаснете му на Ацо туристот од Дубаи, дека МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ пред некој ден за дивоградби во Делчево и Македонска Каменица, ама среќа Чаир не е во источна Македонија бидејќи само во Скопје овие циркузантиве што си играат државници немаат ингеренции за ништо
– стои во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…