Две Македонки ограбиле златарница во Црна Гора, полицијата ги уапси
Црногорската полиција вчера уапсила две скопјанки осомничени дека украле четири златни синџирчиња од златарница во туристичкиот град Игало, сооштија локалните власти.
Според полицијата, двете жени, идентификувани како 55-годишната Ж.Ц.Т. и 33-годишната А.Р., во средата влегле во златарницата и се преправале како заинтересирани купувачи.
Тие побарале од вработената да им покаже одредени парчиња накит, а откако накитот бил изложен, според сомнежите на полицијата, ја искористиле нејзината невнимателност и незабележано зеле четири златни синџирчиња, кои ги ставиле во своите чанти.
По пријавата, полицијата ги идентификувала осомничените и распишала потрага по нив.
Жените биле пронајдени следниот ден во станот што го изнајмувале во Херцег Нови, по што биле лишени од слобода.
Против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело кражба, а украдениот златен накит ѝ бил вратен на сопственичката на златарницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две Македонки ограбиле златарница во Црна Гора,…
Црногорската полиција вчера уапсила две скопјанки осомничени…
(Видео) Уапсен велешанец што возел мотоцикл на…
Дваесет и тригодишен жител на Велес е…
Кина: Тврдењата на Трамп се измислици
Кинеската влада ги отфрли обвинувањата на американскиот…
Предложен притвор за британски државјанин, фрлал камења…
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против…
Трамп ќе го гледа финалето Аргентина –…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…