Две млади Русинки приведени на граничниот премин “Ќафасан”

t

Две млади државјанки на Русија вчера биле приведени на граничниот премин Ќафасан откако граничарите утврдиле дека им истекле визите за престој во Македонија, соопшти полицијата.

„На 28.08.2022 во 17.45 часот на Граничен премин „Ќафасан” од полициски службеници приведени се Е.Л.(22) и З.И.(27), двете од Русија, затоа што по извршени гранични проверки констатирано е дека истите незаконски престојувале во државата односно им истекла важноста на издадената виза, спротивно на член 147 став 1 алинеа 4 од Законот за странци“, се вели во соопштението.

Девојките се предадени на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија при РЦ за ГР Запад за натамошна постапка, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спречен обид за шверц на 50 тони…

Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за…

Бочварски: Граничните премини Ќафасан и Деве Баир…

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски,…

Приведен поранешниот пратеник и актуелен директор на…

На 04.06.2023 година бил приведен поранешниот пратеник…

Австралијанец и Германка фатени со дрога на…

На граничниот премин Ќафасан, на албанско –…

Падна системот на Ќафасан

Технички проблем на Ќафасан предизвика мал застој…