Двојни аршини: Кога должи фирма на министер на ВМРО-ДПМНЕ нема проблем, има ако должат некои други…

t

Долг на фирма не е кривично дело, велат во одбрана на министерката Сања Божиновска денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Денешната прес конференција на СДС е последица на хаотична загриженост поради најавената смена на раководствата на МЕПСО и ЕСМ и ревизијата на нивната работа. Не е проблемот Сања Божиновска туку фактот што СДС и ДУИ 7 години полнеа џебови од криминалот во МЕПСО и ЕСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека министерката за енергетика, Сања Божиновска била основач и управител на фирма која должела 1 милион евра кон МЕПСО.

-Денешните прес конференции се лицемерни, најмалку поради два аспекти. Првиот, кога тоа долг на компанија е кривично дело? Второ, СДС имаше 7 години апсолутна власт со ДУИ. Ако имало криминал тогаш што правела СДС? Јасно е дека СДС е директно засегната од смените во МЕПСО и ЕСМ, затоа тие се занимаваат со лажни и подли кампањи со кои оцрнуваат луѓе кои чесно работат. Во отсуство на идеи, обременети со внатрешни проблеми и расколи, СДС која имаше 7 години власт не успеа да докаже ништо, и сега со маалски прес конференции, редовно во прашална форма се трудат да привлечат внимание, се вели во реакцијата.

Но ВМРО-ДПМНЕ не мислеше така отсекогаш.

-Факт е дека Сања Лукаревска стана десна рака на Зоран Заев, додека семејните фирми на Заеви со години должат кон државата, должат за данок. Шаблонот е лесен, УЈП не презема ништо за ненаплатените даноци, а во замена Лукаревска добива висока партиска функција.  – велеше портпаролот на партијата, Наум Стоилковски во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Скандалозна е одлуката на Антикорупциска за…

​Скандалозна е одлуката на ДКСК во однос…

Трајчулески: Бегството на Груби е страшна порака…

Државата и институциите на системот целосно затаиле…

СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…

ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…

ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…