СДСМ: Скандалозна е одлуката на Антикорупциска за директорот на АНБ
Скандалозна е одлуката на ДКСК во однос на случајот со диркеторот на АНБ Бојан Христовски и таа мора да биде повлечена, реагираат од СДСМ.
-Како е можно за ДКСК да биде валиден сертификатот на Христовски за ТОЕФЛ од Пловдив Бугарија кога Суд веќе осудил две директорки затоа што приложиле ист таков серификат кој е оценет за невалиден?
Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија, дносно од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на Христовски.
Како ДКСК заклучила дека е валиден сертификатот кога суд одредеил во два случаи, од исто место и од исто правно лице дека е невалиден?
Зошто ДКСК не ги земало предвид овие судски одлуки? Дали е тоа намерно?
Ова е уште една причина зошто Државната комисија за спречување на корупција треба да ја повлече скандалозната одлука и да ја врати на повторно разгледување.
Оправдани се и сомнежите за конфликт на интерес кај членката на ДКСК којашто го водела случајот по претставката во којашто се оспорува диплома на директорот на АНБ, Бојан Христовски.
Премногу сомнежи има за нерегуларности, недоследности, нелогичности, за конфликти на интерес за скандалот со Христовски кој трае со месеци.
Се добива впечаток дека не се важни закони, правила и прописи и по секоја цена Христовски власта го турка да остане на позицијата иако е доведено во прашање дали воопшто ги исполнува условите, обвинуваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…