ДЕБАКЛ НА ТОШКОВСКИ! Нема кривична за ГАШИ, министерот удри по самарот, потврди обезбедувањето дека го репетирало пиштолот и влегло во ВИП ДЕЛОТ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ!
Шефот на обезбедување на Африм Гаши добива кривична пријава и ќе биде избрак од работа открива министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на Фејсбук.
-Кривична пријава и отстранување од работното место за полицискиот службеник кој предизвика инцидент на Меѓународниот Аеродром Скопје. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело “Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ, пишува Тошковски.
Полицијата ги потврдува информациите на Инфомакс, дека шефот на обезбедување на Африм Гаши го извадил и го репетирал пиштолот, но тврди дека откако го репетирал го вратил во својот појас иако нашите информации се дека го вперил во главата на полицискиот службеник вработен на аеродромот.
-Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија.
Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови, вели Тошковски.
Шефот на обезбедување на Гаши потоа им се заканувал по живот на присутните вработени на аеродромот.
Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот, пишува министерот.
-ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата. Како министер, секогаш цврсто ќе се залагам за еднакво применување на законот за сите. Секој мора да го почитува законот, а особено полициските службеници мора да бидат пример за почитување на законите и професионалните стандарди, бидејќи нивната одговорност е клучна за одржување на довербата на јавноста во институциите, додава Тошковски.
Сепак разочарувањето е големо во македонската јавност по извинувањето на Христијан Мицкоски упатено на адреса на Косово на денешната заедничка прес-конференција со Албин Курти. Дополнително која е логиката премиерот да се извинува и да ја става државата во потчинета позиција доколку вработените во ТАВ и полицискиот службеник на аеродромот професионално си ја извршувале задачата како што тврди Тошковски и биле попречени од шефот на обезбедувањето на Африм Гаши во извршување на професионално зададените задачи.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја понижи државата пред целиот свет, настапувајќи со свитка кичма пред косовоскиот премиер, Албин Курти по скандалот на скопскиот аеродром со косовоската претседателка Вјоса Османи.
Мицкоски во својата изјава во неколку наврати изрази жалење ги обвини вработените во ТАВ и МВР и се извини пред цела јавност за тоа што и се случило на Османи.
-Се следат јасни и прецизни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови. И јас сум подложен на вакви процедури како македонски премиер, македонската претседателка и сите официјални лица кои го поминуваат ВИП-делот. Јас не го користам тој дел, туку делот како и сите граѓани. Жалиме и не сакаме да се повтори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со неговиот косовски колега, Албин Курти за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на меѓународниот аеродром „Скопје“.
Курти и самиот потврди дека добил извинување од премиерот Мицкоски. Премиерот меѓу другото се понуди следниот пат да ја пречека Османи на аеродромот и самиот да ја спроведе преку граница.
-Лично следниот пат ќе ми биде задоволство да ја пречекам на аеродромот и заедно да ја придружувам во времето кое ќе го помине на аеродромот, за да избегнеме инциденти, а посебно однесување на поединци кои што се наш домашен проблем кој ќе си го решаваме, истакна премиерот во своето обраќање.
Косовскиот премиер потврди дека и лилчно добил извинување од Христијан Мицкоски на прашање на Инфомакс.
Но клучното прашање кое останува неодговорено и на кое мора да одговори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е зошто нема кривична пријава за претседателот на Собранието, Африм Гаши на чие барање интервенирало неговото обезбедување.
Во најамала рака претседателот на Собранието треба да добие кривична пријава за злоупотреба на службената положба по членот 353.
Токму Африм Гаши самиот потврди дека влегувањето на аеродромот на неговото обезбедување е по негово лично барање.
-Јас не сум човекот што може да каже што точно се случувало. Само интервенирав да се смират ситуациите, да не се направи дипломатски инцидент, и мислам дека се заврши како што треба. Ако некој ги пречекорил своите овластувања, секако ќе треба да одговара. Моето обезбедување отишло за да се смири ситуацијата. Мојата заложба секогаш била и ќе биде да смирувам, да зближувам и да работиме заедно за сите граѓани, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши, на новинарско прашање за случајот на Скопскиот аеродром.
Со ваквата изјава претседателот на Собранието впрочем самиот си ја потврди за себе кривичната пријава, се разбира доколку живеевме во правна држава во која правото е поважно од коалициските договори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…