Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз, евакуирни туристи
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула во Париз по информациите за пожар на култниот споменик во француската престолнина. Пожарот во меѓувреме е изгаснат.
Итната помош била на терен, а луѓето се евакуираат, пренесе „Мирор“. Ајфеловата кула наводно била затворена додека пожарот се гаснел.
Пожарникарите го изгаснале пламенот додека туристите се евакуирале од Ајфеловата кула. Тие рекоа дека се борат да дојдат до изворот на пожарот.
Како што јави францускиот BFMTV, технички проблем настанал меѓу вториот кат и врвот на кулата.
Алармот за пожар се огласил во 10:50 часот по локално време.
„Ниту еден посетител не беше доведен во опасност“, велат од компанијата задолжена за Ајфеловата кула.
Пожарникарите, во консултација со техничките служби на споменикот, „спроведуваат истрага за да се утврди потеклото на овој инцидент“.
Медиумите претходно објавија дека пожарот бил забележан во еден од лифтовите на обележјето и дека луѓето се евакуирани поради сопствена безбедност, додавајќи дека пожарот во меѓувреме е изгаснат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Алах ме испрати да убивам жени“…
Три жени, меѓу кои и една бремена,…
Три жени повредени во напад со нож…
Уапсен е маж осомничен за напад и…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Спектакуларно видео: 1.600 дронови приредија шоу кај…
Париското небо се претвори во огромно светлосно…
Скратено работно време на Ајфеловата кула и…
Ајфеловата кула и музејот Лувр во Париз…