Девет актуелни пратеници од СИРИЗА ја напуштија партијата и станаа независни

t

Групата од СИРИЗА предводена од кандидатката за партиски лидер Ефи Ахциоглу, во која се девет пратеници ја напуштија најголемата опозициска партија, станаа независни пратеници.

Групата од СИРИЗА предводена од кандидатката за партиски лидер Ефи Ахциоглу, во која се девет пратеници ја напуштија најголемата опозициска партија, станаа независни пратеници и сè поверојатно е дека во Парламентот ќе се формира нова пратеничка група, јави дописничката на МИА од Атина.

Деветтемина пратеници што денеска станаа независни, меѓу кои и поранешни министри, ги претставуваат Насос Илиопулос и Алексис Харицис, кои претпладнево се очекува да се сретнат со претседателот на Парламентот за да му ги достават одуките дека повеќе не се дел од пратеничката група на СИРИЗА.

Станува збор за втора фракција што заминува од СИРИЗА за краток временски период, поради несогласувања со новиот претседател Стефанос Каселакис, со што најголемата грчка опозициска партија загуби вкупно 11 пратеници и од 47 по изборите, сега има 36 пратеници.

Претходно, партијата ја напуштија двајца пратеници, односно групата „Чадор“ на актуелниот пратеник и поранешен министер за финансии Ефклидис Цакалотос.

Со оглед на големиот број пратеници кои се вон СИРИЗА, сè поверојатни се сценаријата дека во Парламентот ќе формираат нова пратеничка група.

За да се фрмира нова пратеничка група што не произлегува од изборите потребни се десет независни пратенци, а поранешните членови на СИРИЗА се вкупно 11.

Паралелно со новиот расцеп во партијата, попладнево ќе се одржи состанок на Политичкиот Секретаријат на СИРИЗА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Мртво бебе е пронајдено во куфер…

Вистински хорор се случувал во Атина, откако…

Мицотакис: Солун ќе биде новата престолнина на…

Солун има амбиција да добие нова улога…

Инвеститорите губат интерес за грчките „златни визи“…

Речиси половина од важечките дозволи за престој…

Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…

Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…