Објавено на:

Девојче од Босна и Херцеговина почина по струен удар во куќата на бабата и дедото во Италија

t

Четиригодишно девојче од Босна и Херцеговина починало откако доживеало струен удар во куќата на своите баба и дедо во италијанското место Мота де Конти, објави „Дневни аваз“.

Според првичните информации од полицијата во Алесандрија, трагедијата се случила во неделата.

Девојчето било во куќата со своите браќа и сестри, без присуство на родителите. Тоа било итно пренесено во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

Италијанските власти ја истражуваат точната причина за смртта. Обдукцијата веќе е извршена, а обвинителството се сомнева дека за трагедијата можеби придонеле неизолирани електрични кабли во куќата.Семејството, кое потекнува од Босна и Херцеговина, се доселило во малото земјоделско место пред неколку месеци. Телото на девојчето ќе биде пренесено во Босна и Херцеговина, пренесуваат италијанските медиуми.

„Не знаеме многу за семејството, тука се доселија пред само три месеци. Сè беше мирно, се поздравувавме, но ништо повеќе – сите си ја гледаме својата работа, таков е животот во овој крај“, велат жители на Мота де Конти кои живеат во близина на куќата каде што се случила трагедијата.

Градоначалничката Емануела Кирчи, изрази сочувство до семејството.

„Штом дознавме за трагедијата, направивме сè што можевме за да му бидеме на семејството на располагање. Животот што штотуку почна беше прерано прекинат, оставајќи зад себе неизмерна болка и празнина што ниту еден збор не може да ја исполни. Во овие моменти на огромно страдање, целата заедница се обединува во тивка солидарност со семејството и ја споделува неговата болка“, изјави таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девојче од Босна и Херцеговина почина по…

Четиригодишно девојче од Босна и Херцеговина починало…

Девојче кое исчезнало во Скопје најдено во…

16-годишно девојче од Скопје кое родителите го…

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Куче скитник нападна четиригодишно девојче…

Четиригодишно девојче вчера вечер било нападнато од…

Седумгодишно девојче почина во тетовската болница

Почина седумгодишно девојче кое било на болничко…

12-годишно девојче три месеци било физички малтретирано…

Дванаесетгодишно девојче три месеци било физички и…