Делчево ќе добие современа спортска сала – Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела Македонија

t

Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Во Делчево денеска официјално започнаа градежните активности за реконструкција на спортската сала, значаен проект во вредност од 50 милиони денари, со кој ќе се обезбедат современи и квалитетни услови за развој на спортот во општината.

Почетокот на градежните активности го означија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски.

Министерот Ристовски, истакна дека реконструкцијата на спортската сала е дел од пошироката стратегија на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава.

„Овој проект е уште еден чекор во она што Министерството за спорт сака да го направи, а тоа е враќање во живот на сите спортски центри на територијата на цела Македонија. Со реконструкцијата на оваа спортска сала Делчево ќе заживее како спортски град, а што е уште поважно, децата и младите ќе имаат место каде што ќе можат да се занимаваат со спорт. По реконструкцијата, која треба да биде реализирана во рок од 18 месеци, сигурен сум дека овој објект, кој со години пропаѓал, ќе прерасне во современ спортски центар, во кој ќе може да се организираат и поголеми спортски настани“ – истакна Ристовски.

Министерот за спорт нагласи дека спортската инфраструктура е основа за развојот на спортот и токму затоа Министерството за спорт посветува посебно внимание на овој сегмент.

„Упатувам голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за поддршката што ја имаме во спроведувањето на ваквите инфраструктурни проекти како и до градоначалниците и локалните самоуправи со кои имаме добра соработка во реализацијата. Без сето тоа не би можеле да се реализираат овие капитални проекти кои значат многу за македонскиот спорт и генерално за граѓаните, особено за младите на кои мора да им обезбедиме современи, достапни и безбедни објекти за спорт и рекреација“  – рече министерот Ристовски.

Реконструкцијата на спортската сала во Делчево е дел од континуираните инвестиции на Министерството за спорт и Владата во подобрување на спортските услови и инфраструктурните капацитети.

Во рамките на оваа програма на Министерството за спорт во изминатиот период целосно се реконструирани спортските сали во Радовиш, Ново Село и спортската сала „Расадник“ во Скопје, започната е реконструкцијата на салата „Македонија“ во Прилеп, а паралелно се реализира и изградба на три нови спортски сали – две во Скопје и една во Крушево.

Министерството за спорт останува посветено на реализација на конкретни инфраструктурни проекти со цел создавање современи услови за спортување, унапредување на спортскиот потенцијал и поттикнување на младите да бидат активни и да се занимаваат со спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делчево ќе добие современа спортска сала –…

Министерството за спорт продолжува со реализација на…

Мицкоски: Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за…

Делчево се развива и гради, Владата продолжува со поддршка за општините,…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Потпишан договор вреден над 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ…

Делчево ќе добие реконструирана и модернизирана градска…

Кривична за директорот на Комуналното од Делчево…

Директор на јавно претпријатие во Делчево заработи…