Денеска и утре, охриѓани ќе го прослават денот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец

t

Со богослужба во манастирот посветен на овој наш голем светител, православните христијани од Охрид и околината, и годинава достојно ќе го одбележат денот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец.

Споменот на светиот Еразмо Охридскиот Чудотворец, кој се покажа храбар страдалник и секогаш брз послушник во молитвите на оние кои со вера го повикуваат, и оваа година торжествено се прославува во манастирот „Св. Еразмо Охридски“ во Охрид, на местото каде тој уште многу одамна дојде да ја проповеда вистинската Светлина на луѓето од овие простори. Неговиот спомен, и по повеќе од 17 века не е заборавен и нема да се заборави, зашто Христос му сплете двоен венец на мачеништвото и страдањето.

– Денеска, на 14-ти јуни 2024 година, со почеток во 19:00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба. Утре, сабота, 15-ти јуни 2024 година, во 07:45 часот ќе започне Утрената богослужба, а пречекот на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј ќе биде во 09:00 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09:15 часот. Нека ни е напомош празникот Свети Еразмо и за многу години, се гледаме во манастирот, инфомираат од организациониот одбор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активисти на Левица ги освежија спомен – плочите на…

Освежени спомен - плочите на паднатите борци од НОБ…

Левица: Уапсени моќници со дрога блиски до…

УАПСЕНИ МОЌНИЦИ СО ДРОГА, БЛИСКИ ДО МАКСИМ…

Денеска и утре, охриѓани ќе го прослават…

Со богослужба во манастирот посветен на овој…

Левица: Со дозвола на Пецаков (не)познати изведувачи…

Несанкционираното самоволие на неколку локални моќници и…

Скопјанец пронајден починат во хотел во Охрид

На 09.06.2024 година во 00,09 часот, во…