Активисти на Левица ги освежија спомен – плочите на паднатите борци од НОБ во Охрид
Освежени спомен – плочите на паднатите борци од НОБ во Охрид, информираат од Левица.
– Деновиве активисти на Локалниот огранок на Левица во Охрид работат на освежување на спомен – плочите на паднатите борци, кои своите млади животи ги дадоа за ослободување на Охрид од бугарскиот фашистички окупатор за време на НОБ.

Левица како единствена партија чија програма се темели врз основа на начелата и принципите на АСНОМ секогаш ќе се бори за зачувување на споменот на борците против фашизмот, кои борејќи се за слободата на македонскиот народ, своите млади животи ги положија на одарот на слободата.

,,ЦУТОТ НА ЕДНА МЛАДОСТ, КОЈ РАСТЕШЕ И ЖИВЕЕШЕ СО НАС, КОЈ СЕ РАДУВАШЕ И ТАГУВАШЕ СО НАС… ПАДНА ЗА ОНА ШТО МЕЧТАЕШЕ – СЛОБОДАТА НА СВОЈОТ НАРОД.”
НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА!
АСНОМ ЖИВЕЕ! – соопштија од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…
Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…
Охрид на чекор да биде прогласен за…
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…