Денеска пресуда за велешанката Пале: Не се чувствувам виновна, делото го сторив во самоодбрана
Во Основниот суд Велес денеска во 13 часот треба да биде објавена пресудата за Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг”.
Илоска пред судијката која ја води постапката вчера кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.
Овој случај ја потресе јавноста откако се обзнани дека таа била малтретирана од својот поранешен сопруг, и на кого во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.
Во одбрана на Илоска веќе застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет кои велат дека обвинетата треба да се товари за полесно кривично дело направено во самоодбрана, а не убиство во миг кое предвидува затворска казна од една до пет години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев ја тестира цела Европа: По ветото…
Бугарија и Унгарија ставија заедничко вето на…
Мерц: Ги поддржувам украинските напади врз руските…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја поддржа…
ФФМ: Поведена дисциплинска постапка против Башкими, Муарем…
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија…
Нова жртва од западнонилска треска, бројот на…
Уште едно лице почина од западнонилска треска.…
Таткото на Ива со навреди кон Македонците…
Осудениот криминалец, Симеон Михаилов, татко на избеганата…