Денеска се празнуваат Преподобномаченици Евнувиј, Паисиј и Аверкиј Пречистански

t

Кон средината на XVI век, монашкото братство од манастирот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“, во Кичево, стана вистинска утеха и крепост за напатениот народ, кој страдаше под тешкото османлиско ропство. Гласот за нивната слава и духовна сила допре и до злонамерните Агарјани, па тие на 27 март 1558 година со сета своја јарост се упатија кон светата Богородична обител. Браќата заедно со присутните мирјани беа собрани, како и обично, во храмот на заедничка Литургија. За време на херувимската песна, отец Аверкиј, кој мораше да исполни некое послушание надвор, втрча во храмот и извести дека кон манастирот се приближува многуброен, насилнички османлиски аскер. Тогаш преподобниот старец Евнувиј, заедно со уште двајца монаси Паисиј и Аверкиј, подготвени да примат маченички венец, останаа во манастирот, а останатите монаси и мирјани заминаа во шумата и таму пронајдоа безбедно место за да ја довршат Литургијата. По службата, откако се уверија дека Агарјаните беа заминати, монасите се вратија и тука затекнаа страшна и тажна глетка: сè беше уништено, храмот беше во пламен, а на местото Господинец, близу манастирската чешма, лежеа телата на тројцата маченици. Откако непоколебливо одбија да се приклонат кон иноверното учење и пред разбеснетите Агарјани ја исповедаа својата силна вера во Спасителот Христос, тие беа страшно измачувани и примиле маченички венец. Со силното молитвено застапништво на светите тројца преподобномаченици и под покровителство на Пресвета Богородица, светата обител не се распушти, туку продолжи со својата монашко-просветна дејност и за шест години беше соѕидан нов храм од камен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Спомен на јавувањето на…

Во времето на царот Констанс, синот на…

Денеска се празнува Светата маченичка Пелагија Тарсиска

Родена е во градот Тарс, од родители…

Денес е мал Велигден: На една недела…

Во недела е Томина Недела или Нова…

Денеска се празнуваат Светите девет маченици во…

Овие деветмина храбри маченици, во кои гореше…

Денеска се празнува Животоприемен извор

На овој ден се празнува обновувањето на…