Денеска се празнуваат Светите Дваесет илјади никомидиски маченици

t

Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул, христијанската вера во Никомидија цутеше и се умножуваше секојдневно. Еднаш царот, бавејќи се со тој град, дозна за христијанското мноштво и за напредокот на Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па нареди на денот на празникот црквата да се опколи со војска и да биде запалена. Откако се собраа христијаните по полноќ и откако торжествено го започнаа својот Божествен празник, војниците ја опкружија црквата не пуштајќи никого надвор, а царски пратеник влезе во црквата и им ја објави царската заповед: или веднаш да им принесат жртва на идолите или да бидат изгорени сите. Тогаш со божествена ревност се распали архиѓаконот и почна да го потсетува христијанското собрание на тројцата младенци во печката Вавилонска. Народот ревнуваше да умре за Христа, а сите огласени се крстија и се миропомазаа. Тогаш војниците ја потпалија црквата од сите страни, а христијаните, на број дваесет илјади, изгореа во пламенот воспевајќи ја славата на Бога. Пет дена по ова, црквата гореше, а од неа се креваше чад со неопислив опоен мирис и на она место се покажуваше необична златозарна светлина. Така славно завршија многубројни мажи и жени, девојки и деца, примија венец на вечна слава во Царството Господово. Пострадаа и се прославија во 302 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнуваат Светите маченици Маркијан и…

Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот…

Денес се празнува Светиот маченик Арета

Овој Свет маченик пострада за Христовата вера…

Денес се празнува Свети Аверкиј Рамноапостолен

Во времето на царот Антонин Св. Аверкиј…

Денес се празнува Свети Иларион Мегленски

Роден е од угледни и побожни родители.…

Денес се празнува Светиот великомаченик Артемиј

Овој славен светител беше родум Мисирец и…