Денеска се слави Светиот апостол Андроник

t

Еден од седумдесетте. Роднина на светиот апостол Павле, како што пишува самиот Павле (Рим. 16, 7), спомнувајќи ја и светата Јунија, помошничката на Андроник. Андроник беше поставен за епископ на Панонија, но не живееше на едно место туку го проповедаше Евангелието по цела Панонија. Со Јунија тој успеа да приведе кон Христа многумина и да разори голем број идолски храмови. Обајцата имаа благодатна сила на чудотворство, со којашто ги изгонуваа демоните од луѓето и исцелуваа секаква немоќ и болест. Обајцата пострадаа за Христа и така примија двоен венец: и на апостолство и на мачеништво. Нивните свети мошти се најдени во Евгениските предели (забележано под 22 февруари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

(Видео) Владиката Петар низ солзи и на…

Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски…

Денеска се празнува Пренос на моштите на…

Се празнуваат на 31 јануари. Под тој…

Денеска се празнува Свети Сампсон Странопримец

Овој светител е роден од богати и…

Денеска се празнува Преподобен Давид

Родум солуњанин. Прво се подвизуваше во близината…