Денеска се слави Светиот апостол Андроник
Еден од седумдесетте. Роднина на светиот апостол Павле, како што пишува самиот Павле (Рим. 16, 7), спомнувајќи ја и светата Јунија, помошничката на Андроник. Андроник беше поставен за епископ на Панонија, но не живееше на едно место туку го проповедаше Евангелието по цела Панонија. Со Јунија тој успеа да приведе кон Христа многумина и да разори голем број идолски храмови. Обајцата имаа благодатна сила на чудотворство, со којашто ги изгонуваа демоните од луѓето и исцелуваа секаква немоќ и болест. Обајцата пострадаа за Христа и така примија двоен венец: и на апостолство и на мачеништво. Нивните свети мошти се најдени во Евгениските предели (забележано под 22 февруари).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин
Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше…
Денес се празнува Светиот маченик Луп
Овој свет маж беше слуга кај Свети…
Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик…
Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера…
Денес се празнува Светиот апостол Тадеј
Еден од Седумдесеттемина, а не оној Тадеј…
Денес се празнува Светиот пророк Самуил
Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот.…