Денес и утре привремен сообраќаен режим на улицата Беласица

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на улицата Беласица ќе се воведе изменет режим на сообраќај со почеток од денес (18.02.2022 година, петок) во 19 часот и ќе трае до сабота (19.02.2022 година) до 24 часот.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, велат од Град Скопје.
Привремениот сообраќаен режим се воведува поради изградбата на атмосферска канализација чие приклучување е предвидено со попречен прекоп на улицата Беласица на нејзината западна страна, на аголот меѓу улицата Беласица и булеварот Гоце Делчев, како дел од проектот за изградба и реконструкција на булеварот АСНОМ (фазна реализација).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен скопјанец кај кого било пронајдено оружје
На 27.03.2023 околу 21.50 часот во населба…
Пожар во подземна гаража во Скопје, изгореа…
Два автомобила изгореле вчераутро во подземна гаража…
ДИВ ЗАПАД: ДВЕ РАЗБОЈНИЧКИ КРАЖБИ СО ОГНЕНО…
Див Запад не ни е рамен, вечерва…
19-годишник силувал малолетно девојче од тетовско
Деветнаесетгодишно момче од селото Крушопек, Скопско е…
Арсовска на годишната средба на европски гимназии…
Денеска се одржа годишната средба на европски…