Денес максималната температура ќе биде до 17 степени, од четврток снег

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне, според најавите на синоптичарите, можна е појава на магла по одделни котлини и речни долини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 10 до 17 степени.
Во Скопје, слично време со минимална температура до 0 степени и максимална до 11 степени.
Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Од четврток попладне веќе следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Времето денес сончево и студено
Сончево и студено, во западните делови со…
Поради снегот Бугарија прогласи вонредна состојба во…
Две лица загинаа во Бугарија, а едно…
Најстудено е во Берово и Крушево, а…
На Попова Шапка попладнево е најстудено, минус…
Снег и нови минусни температури од утре!
УХМР соопшти дека утре времето ќе биде…
ЕВН: Од синоќа санираме дефекти кои ги…
Екипите на ЕВН од цела Македонија синоќа…