Денес се празнуваат Светите маченици Тријандафил и Анастасиј

t

Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј (Спасо) од Радовиш, од струмичката епархија. Обајцата беа Словени, обајцата млади и прости луѓе. Но љубовта Христова им беше помила од светот и од животот. Животот го дадоа, но Христа не Го изневерија. За Христовата вера пострадаа од Турците, и тоа Тријандафил во Цариград 1680 година, а Анастасиј во Солун, 1794 година.

Тропар
Божествен плод на Радовиш, голема пофалба на Солун си се покажал, новомаченику Спасо, храбро си Го исповедал Господа и заради Него си ја пролеал крвта своја. Затоа моли Го Бога да им подари на оние кои те слават непрестаен мир и голема милост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнуваат Светите маченици Тријандафил и…

Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј…

Денес се празнува Преподобниот маченик Дометиј

Роден е во Персија како незнабожец, во…

Денес се празнува Светиот маченик Евсигниј

Беше војник кај царот Максимијан, кај царот…

Денес се празнуваат Светите седуммина младенци во…

Во времето на царот Декиј имаше големо…

Денес се празнуваат Преподобните Исакиј, Далмат и…

Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под…