Денес се празнува Преподобен Теодосиј Велики

t

Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети светиот Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него се собраа монаси од странски земји.

Затоа изгради по една црква за секој јазик на кој се зборуваше во обителта и во слава Божја истовремено се служеше и пееше на грчки, ерменски, грузиски итн. Но, во денот кога се причестуваа, сите браќа се собираа во големата црква во која се служеше на грчки. Трпезата и имотот им беа заеднички на сите, трудот и трпењето заеднички, а неретко и гладувањето. Теодосиј им беше возвишен пример за живот на сите свети монаси, пример во трудот, во молитвата, постот, бдеењето и во сите христијански добродетели.

И Бог му подари дар на чудотворство, па можеше да исцелува болни, да се јавува на далечина и да помага, да умножува леб и пченица. Молитвата му беше на усните дење и ноќе. Се упокои мирно во Господа кога имаше сто и шест години, во 529 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрана за пиење на водата од пет…

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење…

МЗ: Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за…

Речиси 25.000 граѓани досега се пријавиле за…

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГО ФАТИЛ СО 185 КМ/Ч:…

Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин…

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и…

Дмитро Хориха и официјално доби право да…

Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од…

Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово…