Денес се слави Мала Богородица – заштитничка на мајките, им помага на тие што се борат за потомство

t


Денес, на 21 септември, се слави раѓањето на Пресвета Богородица, празник познат како Мала Богородица – таа се смета за заштитничка на Скопје, но е и заштитничка на мајките, им помага на жените кои се борат за потомство, а за полесно породување треба да ѝ се помолат тие што наскоро очекуваат принова.

На 21 септември секоја година, православните христијани го слават раѓањето на пресвета Богородица, празник познат и како Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица.

На овој ден се слави раѓањето на мајката на Исус Христос, Марија, позната и како Светата Мајка, Блажена Марија, Дева Марија, Богородица.

Пресвета Дева Марија е родена од своите стари родители Јоаким и Ана, кои му се молеле на Бога со плач да им подари едно чедо, а кога Бог им ја подарил Божјата Мајка, тие веќе биле остарени.

Марија, попозната како Богородица била родена во Назарет, а 3 години подоцна била одведена во храмот јерусалемски, од каде што пак се вратила во родното место и таму jа слушнала благовеста на Светиот Архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји од нејзиното девствено тело.

Овој празник има големо значење за христијаните.

Се верува дека Богородица е заштитничка на мајките и воопшто на леунките, а нејзе треба да ѝ се помолат и жените што наскоро треба да се породат за да имаат полесно породување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се слави Мала Богородица – заштитничка…

 Денес, на 21 септември, се слави…

МОСКВА И ПЕКИНГ НАПРАВИЈА ГОЛЕМ ПОТЕГ ВО…

Додека вниманието на светската јавност е насочено…

Иран со директна закана до САД: Сите…

Иран испрати едно од најострите предупредувања до…

САД И КИНА СТРАВУВААТ ОД НОВ ВИД…

Во сенка на трговската војна, Тајван и…

„ПРАВИЛАТА СЕ СМЕНИЈА“: Американска истрага отвора прашање…

Еден необичен случај што досега остана во…