„Денешните првачиња се деца родени во 2020, а не лани“ – објави Петрушевски и ги обвини СДСМ за проблемот со демографијата

t

Податоците за речиси 5.000 првоодделенци помалку од 1-ви септември го вклучија алармот, но дел од актуелните чинители на политичката сцена продолжуваат со препукувањата чија е вината. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски ја критикуваше објавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Му порача на неговиот колега од пратеничките клупи да не се бламира јавно.

„Абе нека му каже некој да не се бламира вака јавно! Денешните првачиња се деца родени во 2020 година, а не лани. Тогашната власт на СДС, која тие со „Шарената“ ја донесоа на власт, направи пустош во државата, уништувајќи ги условите младите да остануваат, да формираат семејства и да имаат деца.

Демографијата не се менува за една година, туку е резултат на политики и состојби создадени со години наназад.

П.С. СДС не смее да ги окриви за ништо“, објави пратеникот од најголемата владејачка партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ