Детали за апсењето на Врховниот судија Наке Георгиев

t

Синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, во јавноста познат како „Боро Марлборо“ му ги носел парите на денеска приведениот судија во Врховниот Суд, Наке Георгиев, дознава неофицијално Инфомакс.

Инаку, Боро Стојчев претходно беше осуден на 18 месеци затворска казна поради шверц на цигари, но од затвор излезе по половина година поради намалување на казната, за кратко потоа да биде поврзан со дилери на дрога.

“Се поставува прашањето, дали на Боро Марлборо му беше намалена казната за шверц на цигари за да излезе на слобода и да може да тргува со дрога? Дали Боро Марлборо работел под директива или заштита на некој од власта“ – прашуваа од ВМРО-ДПМНЕ на партиски прес-конференции во март минатата година.

Според информациите на Инфомакс, Боро Стојчев и претходно се обидел да стапи во контакт со врховниот судија Георгиев со цел да добие негова помош за случај, по што неофицијално бил одбиен од Георгиев.

„Денеска (20.05.2024 г.) лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамашни насоки од надлежен јавен обвинител“, се вели во информацијата од МВР од каде посочија дека судијата е  лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело и дека се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител.

Како што претходно беше објавено, Наке Герогиев бил фатен со сума од 10.000 евра, по претходна пријава од лице кое тврдело дека му барал мито.

Наке Георгиев, инаку, не се повикал на својот судски имунитет, со кој му се гарантира правото на слободно движење и нелишување од слобода од страна на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕБР уапсија избеган затвореник

Денеска (23.07.2024) полициски службеници од ЕВР Центар…

На Ќафасан приведен Србин баран од Интерпол!

На граничниот премин Ќафасан приведен е српски…

Македонски државјанин уапсен во Драч

Полицајците на плажата во Драч го уапсија…

Неколку апсења за дрога во Скопје!

Низа апсења се случиле во текот на…

(Видео) Македонец фатен со 21 килограм амфетамин…

Државјанин на Македонија е приведен поради сомнение…