ДЕТАЛИ ЗА ПРЕТСТРЕЛКАТА ВО АРАЧИНОВО: Tешко е ранет член на обезбедувањето на градоначалникот, повреден е и инспектор за урбанизам

t

Попладнево се случи престрелка во општина Арачиново која го крена цело СВР – Скопје на нозе. Според нашите информации пукано е на обезбедувањето на Ридван Ибраими градоначалник на општината.

Информациите на Инфомакс велат дека сите расположливи екипи и возила на МВР се упатени кон лице место со цел да го обезбедат местото на настанот.

Како што претходно напишавме тешко е ранет член на обезбедувањето на градоначалникот кој во моментов е во животна опасност, а полесно е ранет инспектор за урбанизам во општината.

Повредени се веќе префрлени на една од скопските клиники. Нема информации за тоа кој бил мета на нападот иако нашите извори велат дека настанот не е поврзан со претходните закани кои ги добиваше градоначалникот на Арачиново.

Да потсетиме дека градоначалникот беше и физички нападнат во својот кабинет бидејќи постапувал соогласно Закон, односно одбивал да го прекрши Законот и да работи спротивно на интересите на граѓаните.

Во секој момент Инфомакс очекува потврда и од МВР за настанот и повеќе детали во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…