Детали за сообраќајката во Ласкарци: автомобил удрил во ограда и излетал од патот, четворица повредени

t

На автопатот Скопје-Тетово, кај Ласкарци, се случила сообраќајна несреќа во која четири лица се повредени, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди.

Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 16 август 2026 година околу 21:45 часот. Во атарот на селото Ласкарци, Скопско, патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К. (23) од селото Палатица, Тетовско, удрило во ограда, по што излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С. (19) и 15-годишник. Телесни повреди добил и сопатникот Е.К. (20), сите од селото Палатица.

Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…