ДЗС: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград и Китка
На терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.
Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пингауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.
Директорот интервенцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.
Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак.
Состојбата континуирано се следи, а сите екипи и ресурси остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: Ангажирани се сите ресурси за ставање…
На терен е ангажиран голем број екипи…
Двајца загинати и стотици илјади домаќинства без…
Две лица загинаа, а снабдувањето со електрична…
Германија ќе ја обнови оштетената заштитна конструкција…
Оштетената заштитна конструкција над уништениот реактор во…
Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот…
Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче,…
ВМРО-ДПМНЕ: Воведени се нови 28 дестинации од…
Со новите авиолинии Македонија станува полесно достапна…