ДИК: До 13 часот излезност од 8,9% на повторените избори

t

До 13 часот на повторните локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на податоците пристигнати од 209 избирачки места.

Како што рече на прес-конференција портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

-Во општина Врапчиште гласале 2.613 лица или 9,58 отсто, во општина Гостивар 8,74 проценти или 7.043 гласач, во Маврово – Ростуше 10,03 отсто или 1.061 лице, додека во општина Центар Жупа 6,61 проценти или гласале 500 избирачи, истакна Алексовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историски најниска излезност на локалните избори: За…

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници,…

МВР презема мерки за мирен, фер и…

Министерството за внатрешни работи за време на…

Османи: Србија се обидува да купи гласови…

Косовскиот претседател Вјоса Османи изјави дека Србија…

Јавното обвинителство и ДИК формираа Комисија за…

Јавното обвинителство и Државната изборна комисија (ДИК)…

Обвинителството во Приштина започна истрага заради техничките…

Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската…