Османи: Србија се обидува да купи гласови на локалните избори во Косово
Косовскиот претседател Вјоса Османи изјави дека Србија „се меша“ во локалните избори што ќе се одржат во недела, „се обидува да купи гласови“ и повика на меѓународен притисок врз Србија и побара конкретни мерки.
Една недела пред локалните избори, српскиот претседател Александар Вучиќ им вети на косовските Срби 400 нови работни места во здравствениот сектор, кој функционира како паралелен систем.
Во интервју за албанската „А2 Си-Ен-Ен“, Османи рече дека Србија го крши принципот на добрососедски односи.
„Ова е една од најфлагрантните интервенции што се случија во изборните процеси во Косово, иако беа постојани, и ова не е само наше откритие, туку и постојана констатација на европските и американските институции“, рече Османи.
Според неа, Србија континуирано, преку луѓето што ги „контролира“ на Косово, користела „насилни методи, закани и уцени“ против српските граѓани со цел да добие гласови и да ги насочи таму каде што сака.
„Сега гледаме дека тие се обидуваат да купат и гласови, ветувајќи работи што не ѝ припаѓаат на Србија бидејќи е друга земја, а тоа, според секој стандард на меѓународното право, е во целосна спротивност со принципот на добрососедски односи, бидејќи, како што знаете, меѓународното право забранува мешање во изборите на друга земја“, рече таа.
Како што оцени, Србија е „охрабрена“ од фактот што не е казнета секој пат кога „предизвикува штета“ на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…