Димитриевски: Влеговме во коалиција за да Македонецот се чувствува во прв ред во својата држава

t

Претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, оцени дека партијата и натаму се наоѓа во процес на политичко етаблирање, нагласувајќи дека е формирана од почеток без да наследи партиска инфраструктура како што тоа го направиле други политички субјекти.

Во „Топ Тема“ на Телма, Димитриевски истакна дека очекувањата од граѓаните биле големи по формирањето на партијата, но и дека е природно да постојат разочарувања.

„Формирање на партија е процес. Ние немавме среќа да ја наследиме како што ја имаа другите. Сами формиравме партија, настапивме на легитимни избори и освоивме одредена поддршка. На политичката партија ѝ е потребно време за да созрее и ние активно работиме на тоа“, изјави Димитриевски.

Тој посочи дека ЗНАМ не потпишала формален коалициски договор со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН, но дека по парламентарните избори била усогласена заедничка владина програма. Како една од клучните точки ја наведе непроменливоста на Уставот и концептот на условени уставни амандмани, за кој рече дека бил предложен од него пред неколку години и останува актуелен и денес.

Осврнувајќи се на причините поради кои ЗНАМ станала дел од владината коалиција, Димитриевски рече дека целта била да се избегнат политички сценарија од минатото и да се обезбеди поголема застапеност на македонските национални интереси.

„ЗНАМ влезе во оваа коалиција за да не гледаме реприза на она што се случуваше во минатото. Нашите мотиви за да влеземе во Влада е за да Македонецот се почуствува во прв ред во сопствената држава“, нагласи лидерот на ЗНАМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриевски: Влеговме во коалиција за да Македонецот…

Претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово,…

ОЈО Скопје предложи притвор за лицето што…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари…

тарот за упраување со кризи (ЦУК), активни…

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати,…

По појавата на четврти пожар кај Штип…

ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН- РИСТО ШИШКОВ

Огромна одговорност и особено тешко е да…