Објавено на:

Димитриевски: Ми замеруваат оти сакам да изградам споменинк на македонските борци – Ние Македонците ја чувствуваме УЧК како окупациона сила

t

Актуелниот градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Темата на денот на Сител ТВ кажа дека Македонците ја доживуваат УЧК како окупациона сила.

„Не можам да се чувствувам националист ако ме обвинуваат дека сакам да изградам споменик и да испочитувам иницијатива која што доаѓа од Синдикатот на полицијата на Македонија и Здружението на пензионираните воени старешини и ветерани кои што се мултиетнички и кои имаат за цел да им оддадат почит на паднатите борци кои што се бореа за Македонија.
Ако направиме паралела за тоа што денеска се случи во Слупчане и тоа што сакаме ние да го направиме во Куманово и токму тие кои што всушност градат споменик на УЧК, реално да зборуваме дека ние Македонците УЧК ја чувствуваме 2001-вата т.е ОНА како окупациона сила, впрочем и меѓународниот фактор на самиот почеток, самиот Џорџ Робертсон го потврди тоа и кажа дека тоа не се борци туку се милитантна и терористичка организација кој што се бори против уставниот поредок на државата“, кажа Димитриевски.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ