Димитријевиќ: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите
Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ
Христијан Мицкоски повеќе не се крие –тој е обвинител, судија, кој однапред нарачува судски процеси против опозицијата и неистомислениците.
Од позиција на премиер, Мицкоски јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија.
Неговото „имам чувство” го диктира стравот затоа што знае дека ќе мора да се соочи со одговорноста.
Но, ова е скандал од невидени размери и претставува целосно уривање на правниот и уставниот поредок и за ова мора да понесе одговорност.
Изјавата на Мицкоски е сигнал дека судството и обвинителсвото се претворени во алатка за политичка одмазда и прогон на неистомислениците.
Методи својствени на авторитарни режими какви што демократскиот систем не познава.
Затоа, СДСМ денеска поднесе Кривичната пријава против Христијан Мицкоски за кривични дела:
-Злоупотреба на службената положба и овластување (Член 353, ст. 1 од КЗ)
-Повреда на рамноправноста на граѓаните (Член 137, ст. 1 и ст. 2 од КЗ)
-Загрозување на сигурноста (Член 143, ст. 1 од КЗ)
Бараме Јавното обвинителство веднаш да постапи по кривичната пријава, да го повика Мицкоски на распит и да се спречи понатамошно загрозување на правниот поредок.
Нека докаже Јавното обвинителство дека никој не е над законите и дека може независно да постапува а не само по нарачки.
СДСМ нема да се повлече пред заканите.
Мицкоски нарачува процеси мислејќи дека со тоа ќе нè исплаши и ќе ја запре нашата борба против неговата криминална организација.
Се лаже! Нема да запреме! Не се плашиме!
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитријевиќ: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски…
Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ…
За да се испрати барање за екстрадиција…
Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во…
Пет пријавени случаи за семејно насилство во…
На 16.04.2026 во 16:00 часот во Битола,…
Полицаец фатен како вози со активна забрана…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
СДСМ поднесе интерпелација за Цветан Трипуновски поради…
Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за…