СДСМ поднесе интерпелација за Цветан Трипуновски поради корупција, скандали и сомнежи за злоупотреба на функцијата

t

Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, објави на Фејсбук поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник Љупчо Николовски.

– Денес пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, прва интерпелација од наша страна за оваа Влада.

Интерпелацијата се темели на сериозни и алармантни причини: корупција и сомнежи за злоупотреба на функцијата, клиентелизам, промашени и штетни политики, селективна распределба на субвенции и целосен недостатоток на јасна стратегија, што доведе до уназадување на секторот и растечко незадоволство кај земјоделците.

Во Собранието детално ќе ги изложиме фактите и аргументите. Одлуката е на пратениците, дали ќе дозволат земјоделството да продолжи да тоне или ќе застанат зад одговорност, транспарентност и вистински политики што носат резултати, објасни Николовски во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…

Петров: Изборот на Филипче за претседател на…

Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…