Димитров: Бугарија нѐ турка се подалеку од себе, а ние сме сѐ уште на паркингот

t

Екс-министерот за надворешни работи и претседател на невладината „Солуција“, Никола Димитров смета дека заклучоци на Европскиот совет претпоставуваат согласност од сите 27 земји-членки, меѓу кои и соседна Бугарија. Ова се однесува во барањето на Владата за измена на Преговарачката рамка и условите за Македонија на патот кон ЕУ.

-Колку и да има расположение кај ЕУ 26 да ни се излезе во пресрет, ако видиме дека се зголемува фрустрацијата кај многу членки со билатерализацијата на процесот…Многу тешко ќе се стигне до таква порака во смисла на заклучот од ЕС, првин Бугарија треба да се согласи. И да има таков заклучок, што ќе се случи ако имаме поинаков заклучок на следниот ЕС? Нашата заштита треба да ја бараме дома и мислам дека начинот како ние да направиме чекор, а да не удриме повторно во ѕид, мислам дека треба да го бараме во уставниот закон за спроведување на уставните амандмани. Има начин како тоа да се направи и мислам дека е рационално. Мислам дека многу земји-членки нема да бидат изненадени ако имаме еден рационален и едноставен механизам за заштита. Не можеме повторно во една авантура, вториот протокол е неизбежно дело, правата на Бугарија се важни, не заради тоа што се 3500 според пописот туку се 210 илјади, како што беше изјавата на заменикот-МНР на Бугарија. Тука има големи проблеми што допрва претстојат, рече Димитров во вестите на Тв Сител.

Според него, сегашното статус-кво е губитничка ситуација за сите вклучени во процесот.

-Ние сме најдрастичниот пример дека има огромни проблеми во политиката на проширување. Бугарија нѐ турка се подалеку од себе, а ние сме се уште на паркингот и не можеме да ја отвориме сериозно европската иднина, но не можеме да чекаме да падне решение од небо. Мораме ние да предлагаме и да чукаме на врати и мораме да сме исклучително проактивни, додаде екс-министерот.

За предлогот на СДСМ за референдум за ЕУ, Димитров вели дека е дневна политика и не сака со тоа да се губи време.

-Ако опозицијата решила да изврши политичко самоубиство, нека биде на друга тема. Дали тие имаат реални шанси да имаат 2/3 мнозинство во Собранието без ВМРО-ДПМНЕ? Не на овие избори туку за десет изборни циклуси од денес. Дали битката е за патот или за нешто друго е битката? Оваа е само ветер магла и сеење магла и површно препукување…, рече поранешниот министер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Бугарија нѐ турка се подалеку од…

Екс-министерот за надворешни работи и претседател на…

(Видео) Мицкоски: Нема уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ,…

Нема уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска…

Србија, Бугарија и уште неколку држави од…

Американскиот претседател Доналд Трамп номинираше неколку кандидати…

Пендаровски: Во протоколите со Бугарија никаде не…

Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа…

Муцунски: Со Кошта дефинитивно ќе разговараме за…

Шефот на македонската димпломатија Тимчо Муцунски вели…