Димитров: Македонскиот текстил ја изгуби конкурентската способност

t

Македонската текстилна индустрија ја изгуби својата конкурентска способност во однос на земјите од Далечниот Исток. Очекуваме потешка година за овој сектор, е оценката на Ангел Димитров од Организација на работодавачите, а воедно и менаџер на текстилна фабрика во Свети Николе. Димитров посочува дека странските партнери, поради ниските трошоци, своето производство го имаат префрлено во Бангладеш и други земји во Далечниот Исток, а во нашата земја останаа да ги работат само помалите и брзи налози, односно нарачки.

– Не остана европски бренд што не замина во Виетнам, Бангладеш или Мјанмар. Сите поголеми налози се шијат таму, каде што платата е 150 долари и се многу поевтини од нас, иако продуктивноста на македонските работници е повисока за 30 отсто, но платите им се повисоки за 300 проценти – изјави Димитров.

Тој додаде дека е потребна помош од страна на државата за текстилнта индустрија. Свесни се дека државата не може да помогне во делот на субвенционирањето на придонесите на работниците, но како барање до Владата и на Економскиот-социјалниот совет ќе биде презентирано повторно да се врати пазарот на девизи.

– Евентуално би помогнало некое мало решение кога би се пуштил пазарот на девизи во Македонија за ние сами да си ги продаваме девизите, а не банките да ни ги земаат по некој официјален курс, со што заработуваат од продажбата на девизите. Такво решение имаше пред десетина-петнаесет години, не знам зошто се укина – посочи Димитров.

Тој истакна дека и понатаму се бележи пад на бројот на вработени во текстилната и кожарската индустрија, каде што, според неговите процени, останаа да работат приближно 20.000 работници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: Македонскиот текстил ја изгуби конкурентската способност

Македонската текстилна индустрија ја изгуби својата конкурентска…

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него…

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин…

Средба на министерот Муцунски со раководството на…

Во рамки на серијата работни средби насочени…

Протест пред УЈП на кумановците што работеа…

Кумановците што во изминатиот период беа ангажирани…

Спротивставени ставови за минималната плата, најавени протести…

Едните велат, прво продуктивност, па плати. Другите…