Протест пред УЈП на кумановците што работеа во воените бази во Ирак и Авганистан
Кумановците што во изминатиот период беа ангажирани од американски компании во воените бази во Ирак и Авганистан денеска повторно излегоа на протест пред подрачната канцеларија на Управата за јавни приходи. Тие бараат од надлежните служби да им ги признаат доставените докази, меѓу кои се патни исправи со гранични печати, потврди од работодавачите и други документи, што, според нив, потврдуваат дека биле отсутни од земјата повеќе од 183 дена во текот на годината. Некои од нив рекоа дека американските компании за кои биле ангажирани им испратиле потврди за платени даноци, оние што работеле во Ирак, што не е случај со компаниите за кои работеле во Авганистан.
Како што истакнуваат, причината за протестите е неправилното утврдување на даночната резидентност, со што се наметнува обврска за плаќање данок за приходи стекнати во странство. Тие сметаат дека институциите не ги земаат предвид реалните услови на нивниот престој и работа надвор од државата ниту, пак, времето што го поминале надвор од Македонија.
На претходните протестни собири граѓаните побараа ревидирање на издадените решенија, стопирање на присилната наплата и усогласување на даночната практика со законските одредби. Тие потенцираа дека не се против плаќање даноци, туку бараат фер и законска постапка.
Граѓаните апелираат надлежните институции самите, по службена должност, да обезбедат податоци за платените даноци. Според нив, некои од засегнатите имаат долгови од речиси 200 евра, но и значително повисоки износи, кои достигнуваат и неколку илјади евра. Тие најавија дека собирите ќе продолжат во текот на целата работна недела, секој ден, во периодот од 14 до 16 часот.
Незадоволството ескалира пред празниците кога голем број кумановци добија известувања по електронски пат, без претходно да им бидат доставени официјални решенија, со кои се бара плаќање данок за приходите остварени во странство. Според нивни процени, вакви пораки добиле приближно 4.000 граѓани од Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…