Директорот на Ред Бул импресиониран од Верстапен: Тој е недопирлив

t

Директорот на Формула 1 тимот Ред Бул, Кристијан Хорнер, рече дека нивниот возач Макс Верстапен е „недопирлив‘, ден откако Холанѓанецот ја забележа деветтата последователна победа оваа сезона.

Верстапен победи во неделата на домашната патека во трката за Големата награда на Холандија и со деветтиот триумф во низа го израмни рекордот од 2013 година кој тогаш, исто така, во болидот на Ред Бул го постави Германецот Себастијан Фетел.

Хорнер го пофали Верстапен и рече дека неговите достигнувања се импресивни, особено поради притисокот со кој се соочува од недела во недела.

„Мислам дека, тивко во себе, е многу горд на тоа што го прави и остварува. Рекордот кој Себастијан го постигна во 2013 … Да се победи во девет едноподруго трки е лудост, мислам дека никој од нас не можеше да замисли дека некој друг возач во нашиот тим тоа ќе може да го повтори. Мислам дека Макс е во период од кариерата во кој е недопирлив и оти ниту еден друг возач не може да го повтори тоа што тој го постигнува во овој болид“, рече Хорнер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…