Директорот на Фајзер: Интензивно работиме вакцината против Ковид-19 да стане годишна

Извршниот директор на „Фајзер“, Алберто Бурла, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, вели дека е потребна годишна вакцина и дека компанијата интензивно работиме на тоа.
Бурла објаснува дека повторувањата на дозите се заморни за луѓето и го намалуваат нивото на вакцинација.
Во овој момент, во средина со „Омикрон“ не е сигурно дека имунитетот од постоечката вакцина ќе трае една година, дури и по четвртата доза. Не е сигурно ниту за новата вакцина која ќе ги покрие сите мутации. Но, знаеме што можеме да направиме за да создадеме годишна вакцина. И на овој дел работиме многу интензивно – истакнува извршниот директор на „Фајзер“.
Дополнително, тој изразува надеж дека набргу ќе биде готова новата вакцина што ќе ги покрива и мутациите и додаде дека е реална целта тоа да се случи пред следната зима.
Говорејќи за третата и четвртата доза, Бурла вели дека постои огромна разлика меѓу оние кои не примиле бустер доза, за која истакнува дека дефинитивно е потребна. Тој додава дека ако е поминато многу време по третата, треба да се прими и четврта доза.
Бурла истакнува дека следната година животот на луѓето ќе биде блиску до нормалата пред пандемијата, објаснувајќи дека тоа не е само поради вакцините или фактот дека луѓето се уморни, туку затоа што сега постојат терапии, кои не се однесуваат само на последните фази, односно тешко болните.
Веќе имаме терапии за сите. Ако се разболиш од Ковид, можеш да земеш апче и да избегнеш болница, каде што веќе ќе се прима еден од десет во однос на тие што се хоспитализираат сега. Разликата е огромна и во голема мера ќе ги намали сериозноста на симптомите, приемите во болница и смртните случаи – вели Бурла за „Катимерини“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За Ковид-тестови во приватните лаборатории граѓаните платиле…
Главиот државен ревизор, Максим Ацевски во гостување…
Никој веќе не се вакцинира: Бугарија уништува…
Бугарија уништува големи количини на вакцини со…
Кина го демантира ФБИ: Ковид-19 не излезе…
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи,…
И сега што правиме? ФБИ вели коронавирусот…
Американското Министерство за енергетика го ревидираше своето…
Добра вест: Ковид-прекршителите ќе добијат условна наместо…
Добра вест за луѓето кои имаат прекршоци…