Објавено на:

Директорот на Федералната служба за финансиско следење објави детали за терористичкиот напад во Москва!

t

Терористичкиот напад на „Crocus City Hall“ во близина на Москва го организирала меѓународна група со претставници од централноазиските и европските земји, меѓу кои имало и руски државјани, објави директорот на Федералната служба за финансиско следење (Rosfinmonitoring) Јуриј Чиханчин за време на неговото обраќање пред Советот на федерацијата.


„Што се однесува до „Крокус Сити“, се уште не би рекол премногу, бидејќи истрагата е во тек. Но, можам да кажам дека ова е дефинитивно интернационален тим со претставници од различни земји. Тоа се претставници на централноазиските земји, европските земји и таму има многу руски граѓани“, рече тој.
Чиханчин претходно изјави дека овој терористички напад, меѓу другото, бил финансиран и со користење криптовалути. Според него, нападот бил внимателно испланиран, а за негово извршување била користена меѓународна мрежа на соработници. Тој исто така истакна дека многу земји изразиле подготвеност да и помогнат на Русија да го истражи терористичкиот напад, бидејќи се заинтересирани да го запрат тероризмот како феномен.


Според последните информации, во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ загинале 144 лица, меѓу кои шест деца, а 551 лице е повредено. Осум деца во нападот ги загубија двајцата родители, а старателството над нив го преземаат роднините.
Четворицата терористи, кои крвавиот празник го извршија за само 18 минути, беа пресретнати во областа Брјанск, на помалку од 100 километри од руско-украинската граница, додека со бело Рено се обидуваа да побегнат во Украина.
Од нивните изјави произлегува дека нападот бил извршен за пари, но засега не може да се направи јасна слика кои биле нивните мотиви за нападот и кои се извршителите на еден од најкрвавите терористички напади во историја на Русија.
Тие беа обвинети за тероризам и ја признаа вината, а за тоа дело им се заканува доживотен затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва удри по укранските одбранбени објекти –…

Руската војска изврши серија напади врз украински…

Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…

Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…

(ВИДЕО) Зеленски: Русите се уште напаѓаат, а…

Украинскиот претседател – Володимир Зеленски и се…

Вучиќ од Москва: Благодарност до Црвената армија…

По многу години, повторно во Москва. „Горд…

(Видео) Вучиќ слета во Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес пристигна во…